СДСМ постојано покажува вистинска грижа за работниците, земјоделците, за младите и пензионерите преку конкретни мерки и политики.
Минималната плата денес изнесува 20.175 денари, што е многу повеќе од 8.900 денари колку што изнесуваше во 2017 година.
Просечната плата денес е околу 34.000 денари и е за 44 отсто повисока од 2017 година, додека за истиот период платите во образованието и детската заштита се зголемени за 36 отсто.
Преку системско решение, пензиите денес растат на секои шест месеци, во март оваа година 330.000 пензионери добија зголемени пении за 8,4 отсто, а следното покачување на пензиите е во месец септември.
Стапката на невработеност е намалена за осум отсто, странските директни инвестиции и Оперативниот план за вработување сериозно ја намалија младинската невработеност.
Зголемена и навремена е и исплатата на субвецниите кон земјоделците, а со новиот модел на субвенционирање, дел од субвецниите се исплаќаат аванасно.
Сето ова е пример за успешноста на мерките и политиките што СДСМ ги спроведува низ отворен дијалог со сите засегнати страни.
Остануваме на страната на граѓаните.