По масакрот во Белград во кој 14-годишно момче со пиштол уби 7 ученици и обезбедувач во школото, а рани 6 други луѓе, загрижени родители од ОУ ,,Браќа Миладиновци” во Аеродром алармираат дека ученик од ова училиште носел нож и им се заканувал на соучениците.
Во писмо испратено до нашата редакција, велат дека се обратиле до сите надлежни институции, но засега сите молчат.
-Се работи за еден ученик кој носеше нож во училиште и се закануваше на децата дека ќе ги убие. Тоа не беше доволно па неколку дена подоцна, давеше дете до снемување на воздух. Истиот ден на час претепа 3 деца, во ходник уште 1 дете и секојдневно тортурите продолжуваат. Итото тоа дете нападна и наставник. Бојкотиравме и настава, свикавме и итна родителска средба во присуство на Директорката на училиштето, каде што ни вети некои санкции. Првата беше постојано присуство на часови од личност назначена од Директорот – тоа не се случи, зголемено надгледување од страна на дежурни наставници пред нивната училница зборот не беше одржан,се вели во писмото.
Родителите велат дека оттогаш се случиле и други насилства, а детето постојано го ремети наставниот процес.
-Беше поднесено барање до дирекцијата на училиштето, Општина Аеродром и МОН, Центарот за социјало, за преместување на ученикот во друго училиште. Ваквото барање се заснова врз фактот што и покрај секојдневните разговори со стручните служби од училиштето, во времетраење од неколку години наназад, однесувањето на детето не се подобрува туку се влошува. На детето му е потребно стручна помош. Менувањето на средината и стручниот тим би можел да се покаже како делотворен.
Сите наши реакции се сведени на преписки од една до друга институција. Сите наши консултации во гореспоменатите институции значеа само префрлање на одговорноста од една на друга институција, велат родителите.
Групата родители бара институциите да си ја завршат својата работа бидејќи тие се загрижени за жиботите на своите деца.
-Училиштето треба да биде поим за сигурност и безбедност, а не за заштита на деликвенти. Директорката во нашето училиште на неколку пати не изманипулира во целата ситуација и ги загрози животите на нашите деца. Денес на одредени родители им беше забранет влез во училиштето, за да не го нарушуваат нејзиниот мир, се вели во писмото.