Ноќеска во скопската Зоолошка градина угина жирафата Каспер. Директорот на градината Зоран Попов, за СДК.МК вели дека во моментов се прави обдукција по што ќе се знае причината за угинувањето.

Како што изјавил Попов, жирафата изминативе пет месеци не била во добра здравствена состојба.

Во јануари 2021 година во Зоолошката угина жирафата Тобого и сега во градината остана само жирафата Флопи.