Никола Јокиќ беше маестрален на средбата против Феникс Санс, но и неговото издание од 53 поени, 4 скокови и 11 асистенции не се покажа како доволно за да Денвер Нагетс се радува во Аризона.

Овој дуел за Јокиќ донесе и еден непријатен момент, „конфликт“ со сопственикот на „сонцата“, Мет Ишби за што може да заработи суспенција од НБА лигата.

Во финишот на втората четвртина топката дојде до Ишби по што Никола тргна да ја земе истата по што настана мешаница во која Србинот со лакт го оттурна сопстевникот на Санс.

За ова ѕвездата на Нагетс заработи техничка грешка, но казната може да биде и повисока ако НБА донесе нова дополнителна одлука.

 

-Судијата ми рече дека сум го удрил навивачот со лактот, но тој прво стави рака на мене. Мислев дека лигата треба нас да нè штити. Можеби не сум бил во право. Да, знам дека е газда на Феникс, но повторно, тој е фан. Седи покрај теренот. Не е важно кој е. Тој е фан и не може да влијае на играта со држење на топката, -порача Никола.