Зградата на Македонска филхармонија како единствен во моментов достапен капацитет за музичко-сценски настапи, се изнајмува за организирање настани што се во согласност со правилникот за работа. Салите на Македонска филхармонија се изнајмуваат за организирање општествено, културно или музички настапи во организација на стопански субјекти, организации, политички партии и секој што својот настан ќе го прилагоди стандардите, типот и статусот на институцијата и тоа што го претставува.
Стопанисувањето со салите на Македонска филхармонија е дел од редовната пракса на работа на Филхармонијата и еден од главните начини за дополнителни приходи откако Министерството за култура значително го скрати буџетот.
И порано и сега, а и во иднина салите на Филхармонија се изнајмуваат за различни настани: концерти, конференции, политички собири и друго. За тоа ние како институција добиваме финансиски надомест.
Случувањата во Македонска филхармонија немаат никаква врска со политиката, туку со некоректниот однос од Министерството за култура. Комерцијалната причина да се изедначи со политика е само некоректен обид да се сврти вниманието од основниот проблем – наметнувањето на Министерството за култура да вдоми две национални установи под еден покрив, односно зградата на Филхармонија.