Српскиот претседател Александар Вучиќ денес изјави дека во претходните три дена се собрани 8.500 парчиња различно оружје.
Тој најави дека е донесена одлука да се испратат 156 експерти во училиштата за да разговараат со децата и да им помогнат да ги надминат нивните проблеми по масакрот во Основното училиште „Владислав Рибникар“.
„До денес, во претходните три дена, речиси неверојатна бројка, собравме 8.500 парчиња разновидно оружје, 784 мини и експлозивни направи, односно бомби и минофрлачи, 398.450 парчиња муниција од различен калибар“, рече Вучиќ во видео објавено на неговиот профил на социјалната мрежа „Инстаграм“.