Во големата меѓународна акција „EASY“ е разбиен „балканскиот картел“ и уапсени 13 лица, беше речено на денешната вонредна конференција на српското МВР. Уапсени се организаторите на бандата М.С. и М.Л., како и водачи на независни ќелии. Најмалку 7 тони запленет кокаин во 2020 година се поврзани со овој картел, пренесува 24инфо.

-Србија со уште една успешна акција покажа и докажа дека е успешен партнер. Заедно со Европол беа уапсени 13 лица, членови на ОКГ, која функционираше од неколку независни ќелии на балканскиот картел. Се верува дека тој стои зад пратките од повеќе тони кокаин кои во Србија пристигнале од Јужна Америка. Со оваа акција беше елиминирана најголемата организација за трговија со дрога. Уапсени се и организаторите М.С и М.Л. Во текот на 2020 година се запленети најмалку седум тони кокаин и се договара во врска со овој картел – изјави шефот на УКП, Нинослав Чмолиќ.

700 килограми кокаин се запленети во Ротердам, 1,2 тони кокаин во Хаселт во Белгија и 5 тони кокаин во Аруба.

-На 20 претресени локации пронајдени се поголема сума пари и оружје. За успешна борба против организираниот криминал потребна ни е меѓународна соработка – изјави првиот човек на УКП, Нинослав Цмолиќ.

Цмолиќ рече дека истрагата ќе утврди дали уапсениот нарко картел е поврзан со некои други кланови и дека сега е уништен.

-Сите овие заплени што ги споменав се случија надвор од Република Србија, фокусот на нивното делување е надвор од Србија, се работи за богати европски земји – рече началникот.

Меѓу уапсените се Пинк Пантерот Драган Ѓорѓевиќ Гага, како и Глигорије Пељевиќ (73).

Пељевиќ беше уапсен и во Мадрид во 2015 година, кога беа запленети 3,5 тони кокаин. Драган Ѓорѓевиќ или Гага, наводно, бил уапсен по спектакуларниот грабеж на Пинк Поинтер во Дубаи во 2008 година, за кој се верува дека бил организиран од Милан Лепоја, кој беше убиен во куќата на ужасот во Ритопек од членовите на кланот Беливук-Миљковиќ.

Како што пишува Курир во акцијате е уапсен и кумот на Лепоја, Младен Лазаревиќ, кој исто така учествувал во грабежот во Дубаи. Како што објави „Блиц“, меѓу нив е и Мирослав Старчевиќ, човекот кој на судењето на кланот Беливук-Миљковиќ беше нарекуван Дедо и Генерал.