Утрово гостин на Радио Лидер беше Стојанче Ангелов, лидер на партијата „Достоинство“ и директор на Центарот за убедување со кризи. Со него се зборуваше на повеќе теми, а едно од нив беше и најавата дека „Достинство“ ќе размисли дали ќе остане дел од владината коалиција предводена од СДСМ и ДУИ.
На оваа тема зборуваше Ангелов кој вели дека е разочаран од неинтресот на јавноста по ова прашање.
Јас бев огорчен и разочаран од неинтересот кон одбивањето на измените на законот за бранители, законот за посебни права на припадниците на безбедносните структура во Република Македонија. Овој предлог закон беше предложен од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ минатата недела, во среда, јас реагирав на Фејсбук, а ни мојата реакција не беше пренесена освен од неколку портали. Во јавноста воопшто не се објави дека тој ден имало гласање од потребата од носење на измени и дополнување на постоечкиот закон на бранители.
Тој додаде дека секојдневно е со бранителите и секојдневно живеам со таа проблематика.
Очекував цела држава да зборува за предлог законот, но за жал никој не реагираше поради неносењето на оваа одлука, реагира Ангелов на Радио Лидер.
Стојанче Ангелов додава дека со оваа проблематика „Достоинство“ живее веќе 15 години и се уште нема праведен надомест на штетата.
Проблемот е што оваа материја не е интересна општата јавност. Како што вие прочитавте, Живко, таткото на загинатиот бранител јасно кажува дека родителите не бараат пари или оштета. Парите не можат да ја надоместат болката на некој што загубил дете. Но, ние како држава имаме обврска да исплатиме материјална штета за овие луѓе да живеат малку покомотно. Ова беше еден од условите да влеземе во коалицијата со СДСМ уште во 2012 година, заклучува лидерот на „Достоинство“, Стојанче Ангелов.