Судскиот совет на Република Северна Македонија на денешната 442 седница утврди престанок на судиска функција поради исполнување на услови за старосна пензија на четворица судии.
Станува збор за судиите Аце Бакиевски од Апелацискиот суд Битола, Елези Исмаил од Основен суд Кичево, Зоран Стевановски од Основен суд Прилеп и Александра Зафировска од Основен суд Тетово.
На денешната седница, исто така, беше донесена одлука за определување на в.д претседател на Основен суд Прилеп, при што беше избрана судијката Јасмина Шишковска Стојковиќ.
Усвоен беше и извештајот на Комисија за проверка на навременост на пријави и комплетност на документите на кандидати од спроведена постапка по оглас за избор на претседатели на Основен суд Берово, Основен суд Крушево и Основен суд Прилеп и беше донесена одлука да се објави оглас за избор на претседатели на основните судови Крушево и Берово, за кој избор беше формирана и комисија.
Судскиот совет донесе и одлука за престанок на функцијата судија поротник на Основен суд Кочани и Основен суд Кратово, со што поради наполнети 60 годишна возраст, судскиот совет ги разреши поротниците Томе Зашев од Основен суд Кочани и Кристина Петрушева од Основен суд Кратово.
Судии поротници беа избрани во Основен суд Кочани и тоa, Сашко Стоименов, Иван Минов, Владимир Георгиев, Васка Ефтимова и Марија Ангелова.
Во однос ја утврдувањето на ориентацискиот број на предмети што треба да ги реши судијата месечно за 2023 година, Судскиот совет одлучи да го повлече дадениот предлог на Комисијата на доработка.
Покрај ова, на денешната седница беа усвоени записници од 435 седница на Судскиот совет на РСМ од 22.03.2023 година и 437 седница на Судскиот совет на РСМ од 18.04.2023 година, додека записникот од 439-та седница на Судскиот совет на РСМ од 27.04.2023 година и 04.05.2023 година беше повлечен
За точката поврзана со формирање на Комисија на известители по поднесено барање за утврдување одговорност на судија/претседател на суд јавноста беше исклучена.