Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривичнa пријавa против А.С. (30) од Ранковце, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „затајување“.
На 04.04.2023 година, во с. Петралица, Општина Ранковце, во објект на правно лице, пријавениот додека бил на работното место, противправно за себе присвоил пари од касата на угостителскиот објект, кои што му биле доверени и со нив играл игри на среќа, со што го оштетил правното лице.