Земјотресот од 4,6 степени што попладнево го погоди Пловдив, Бугарија, беше почувствуван од граѓаните на Пехчево и Берово.
Сеизмолошката лабораторија објави дека потресот во источниот дел од Македонија бил почувствуван со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала.
Потресот се случи во 14.26 часот на 280 километри источно од Скопје, Република Бугарија.
Бугарските медиуми претходно јавија дека земјотресот бил со јачина од 4,9 степени според Рихтер и траел 15-ина секунди. Бил регистриран на длабочина од 2 километра.