Утринава околу 9.30 часот вооружено лице со пиштол влегло во експозитурата на Стопанска Банка во трговскиот центар Беверли Хилс во скопски Капиштец.

Инцидентот за Фактор го потврдија и од МВР.

-Денеска (07.06.2023) околу 09.30ч пријавено е дека во експозитура на банка во трговски центар едно лице со закана со пиштол одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија оттаму.

Според информациите во банката влегло маскирано лице кое било вооружено со пиштол. Со закана кон вработените, со пиштол вперен кон нив, побарал да му ги дадат сите пари. По што лицето избегало.