Претседателката на шпанското здружение за епидемиолози, Елена Ванеса Мартинез, во изјава за весникот „Ел Паис“ предупреди дека сè уште има многу заразени лица кои можат да го пренесат вирусот, истакнувајќи дека повеќе контакти може да доведат до повеќе заразени.
– Во оваа ситуација загрижен сум поради за чувството на лажна безбедност создадено со објавувањето на крајот на вонредната состојба и ноќниот полициски час, рече Мартинез.
Во Шпанија вчера беа укинати повеќето ограничувања, вклучувајќи го и ноќниот полициски час на национално ниво. Забраната за движење во текот на ноќта е укината во повеќето шпански градови и региони, но во некои останува во сила.
Од вчера дозволено е и повторно патување низ Шпанија, како и семејни посети.
Властите се загрижени дека тоа може да се повтори минатата година. Владата во јуни објави „нова нормална“ состојба со ублажување на многу ограничувања, но до ноември бројот на заразени значително се зголеми и мораше да воведе вонредна состојба, што е правна основа за воведување на ограничувањата.
Откако во саботата на полноќ заврши вонредната состојба, а со тоа и полицискиот час, илјадници млади луѓе излегоа на улиците во градовите како Мадрид, Барселона и Билбао и се забавуваа со алкохол цела ноќ. Градската полиција во Мадрид мораше да ја растера толпата од главниот плоштад во Мадрид, Пуерта дел Сол. Досега беше дозволено да се биде на улица до 23 часот, најмногу шест лица заедно, во спротивно беа парично казнувани.
Од почетокот на пандемијата, во Шпанија се заразени вкупно 3,5 милиони луѓе, од кои 78.800 починале.