Во организација на Националната мрежа против хомофобија и трансфобија под мотото „Гласни и горди“ денеска во Скопје се одржува овогодишното издание на Скопје Прајд.
Камерата на „Макфакс“ улови дека на маршот присутен беше вицепремиерот Бојан Маричиќ, министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, како и експретседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска.
Парадата се одржува под силно полициско обезбедување, а учесниците со себе носат и транспаренти.