Четврто издание на Парадата на Гордоста во Скопје. Стотици граѓани присуствуваат на овогодинешната Парада на Гордоста, која под мотото „Гласни и горди“ се одржува во Скопје.

Со знамиња на ЛГБТИ заедницата и транспаренти во раце започнаа да се движат низ скопските улици на протестен марш кој започна од скопскиот парк „Жена борец“.

На денешната парада учество зедоа и голем број финкционери и министри.