Српскиот јутубер Александар Трифуновиќ провоцира од македонско-српската граница. Јутуберот познат под името „Куарц313“ сликајќи го македонското знаме пишува „Стара Србија“.

Оваа провокација следува непосредно откако српскиот бенд „Београдски синдикат“ објави песна насловена „Стара Србија“, а тоа наиде на револт кај македонската пубика на српскиот бенд, па така се разгореа страстите меѓу нашите два народа.

Непосредно пред оваа песна и оваа провокација на српскиот јутубер беше скандирањето на српската навивачка група „Гробари“ кои извикуваа „Стара Србија – Никогаш Македонија“, па така се зголеми револтот кај Македонците.

Во продолжение ја пренесуваме објавата на Србинот Трифуновиќ на социјалните мрежи, поточно на Инстаграм стори:

Освен оваа фотографија тој и понатаму ги провоцираше македонските читатели кои го следат, велејќи дека станува збор за „Стара Србија“.