Холандскиот амбасадор во Скопје, Дирк Јан Коп, во емисијата „Дипломатија и бизнис“ на МРТ рече дека уставните измени се користат како изговор од македонските власти за неспроведување на реформите.
„Неопходните реформи можеа да бидат направени пред 10-15 години, а не беа направени. Неиздржано е да се зборува за евроскептицизмот од тој асепкт, дури е и навредливо, зашто после 20 до 30 годоини поддршка за да влезете во ЕУ, прашањето е каде се милијардите, каде се и што се случи со обуките што ги спроведувавме? Зошто сите нови правила и регулативи не се правилно имплементгирани? Дали е тоа прашање на менталитетот? Можеби се сеќавате, наши даночни обврзници ги платија вакцините за коронавирусот за Западен Балкан. Европската комисија пред неколку месеци даде дополни 200 милиони евра за Владата на Северна Македпнкија поради високите цени на енергенсите и инфлацијата иако и нашите даночни обврзници беа соочени со истиот енергетски проблем и високите цени.
Тој додаде дека за Холандија, кога станува збор за евроинтеграциите на Македонија, секогаш првенствено ќе се мери колку се спроведуваат реформите пред се. Неговата порака е остра критика до македонските власти дека не се фокусирани на рефомите.
„Целта треба да ви биде влез во ЕУ, а тоа може да се случи за неколку години кога ќе ги исполните условите. И, ако до тогаш не го смените Уставот, тогаш ќе мора секако да го смените за да се внесат сите промени во новата рамка на денот кога вашето знаме ќе биде поставено до нашето во Брисел“, додаде амбасадорот.
Вистинскиот проблем е што луѓето немаат доверба во институциите. Таа доверба е десет пати помала во споредба со земјите од ЕУ. Луѓе се жалат на судовите, обвинителството, полицијата… Добиваме писма и мејлови. Па ние не сме слепи“, рече Коп.