Една изјава на холандискиот амбасадор Коп, а различни толкувања. Додека власта предводена од Ковачевски и Османи гледа дека во изјавата станува збор за судир на концепти оти без преговори нема европско владеењето на правото, ВМРО-ДПМНЕ гледа само потврда на реалноста.

Првиот човек на дипломатијата, Бујар Османи, проблемот го гледа кај опозицијата. Тој вели дека тие двајца има концептуални разлики, но смета дека решението е кај нас самите и не треба да има блокади од опозицијата.

„Ние не можеме да постигнеме европски стандард во владеењето на правото, без почеток на преговорите“, вака Бујар Османи, одговори на критиките на холандскиот амбасадор за владеење на правото.

За премиерот Ковачевски, ставот на холандскиот амбасадор Коп за правосудниот систем е во ред, но, смета дека доколку било кој бил под притисок од политичари, тоа треба да го пријави и да се каже со име и презиме. Шефот на Владата додаде дека никогаш не ја запознал претседателката на Врховниот суд во својата дејност бидејќи, како што вели, судската и извршната власт се одвоени.

Доколку кој било бил под притисок од кого било тоа треба да го каже со име и со презиме, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање по вчерашните критики упатени од холандскиот амбасадор во земјава.

Според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, пак, изјавата на холандскиот амбасадор во земјава е само потврда на она што подолго време го зборува партијата, дека судството е партизирано и опструирано. Мицкоски додаде дека во судовите се избираат партиски кадри за да може, како што вели, да се заштити криминалот на власта.

Мицкоски: Амбасадорот на Холандија даде потврда за сè она што ВМРО-ДПМНЕ со години наназад го зборува, тоа е реалната слика за Владата на СДСМ и ДУИ

Амбасадорот на Холандија во земјава, на средбата со лидерот на ДУИ, Ахмети, ја пренесе пораката дека по две години постојан пад на владеењето на правото, посветеноста на Македонија за членство во ЕУ е загрозена. Остра реакција од Холандија и дека е неприфатливо несоодветно политичко влијание врз позицијата на претседателот на Врховниот суд.