И покрај смртта на малиот Кико, за него се одржа хуманитарниот концерт, а како што беше најавено финансиите се префрлија за друго момче кое има потреба од финансии. Неговото семејство се одлучи паричните средства да бидат пренаменети за лекување на малиот Стефан.
За оваа донација која вреди половина милион денари соопшти јутуберот Стефан Лазаров на својот Фејсбук профил. Неговата објава ја пренесуваме во продолжение.
Како што најавив пред 2 дена, ова утро од семејство Коцеви е извршена донација во вредност од 500,000 денари.. Ова е од Кико за Стефан❤️ Голем респект од мене за Горан, Катерина и Никица, семејство со вистински вредности, чесно и хумано. Заслужувате многу… а на малиот Стефан му посакувам брзо да се опорави..🙏, напиша Лазаров на својот Фејсбук профил.