Скопската полиција извести дека вчера М.С.(50) од Скопје, пријавил дека на подрачјето на Аеродром во автобус на ЈСП неговиот малолетен син бил физички нападнат од неколку малолетници, а еден од нив се заканувал со нож.

Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.