На 13.05.2023 полициски службеници од ЕВР Аеродром и Драчево привеле малолетник од с.Батинци, постапувајќи по пријава според која на 12.05.2023 во вечерните часови во с.Батинци, скопско, во близина на џамијата, нападнал друг малолетник од истото село и му нанел повреда со остар предмет.

Повредениот е пренесен во ГОБ „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.

Со пријавениот малолетник во присуство на родител е извршен службен разговор во полициска станица и во координација со Јавен обвинител против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.