Соопштение на комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ:

Бараме одговорност од директорката Викторија Јовановска која иако вели дека кај една од 10 породени пациенти по породувањето се случува психолошко нарушување, сепак нема ништо преземено за безбедност и заштита на родилките во оваа терциерна установа.

Ја прашуваме директорката Јовановска и надлежните институции кога е иницирано конзилијарно мислење од психијатар кај 39-годишната пациентка и дали е дадено вакво мислење односно ако е прегледана од психијатар, кога е тоа сторено

Зошто Јовановска дури откако се случи овој немил настан предлага психијатар да ги посетува родилките еднаш во неделата и да разговара со мајките за да ја увиди нивната состојба, а не го иницирала истото претходно

Прашуваме со која стручност организацискиот директор Јетон Шаќири се расфрла со медицински термини и говори за интервенции кои не се во негов домен на работа како што е породување.

Зошто психичкото здравје во 21 век е табу тема за медицинската директорка на ГАК , а дополнително истото се наведува како причина за непреземање мерки

Оттука бараме одговорност и разрешување на двајцата директори Јовановска и Шаќири на Клиника за гинекологија кои навреме не ги преземале потребните мерки за заштита и сигурност на трудниците.