Поради хаосот кој настана поради штрајкот во јавното претпријатие „Комунална Хигиена“, неопходно е веднаш сами да го решаваме проблемот со натрупаниот смет во контејнерите на територијата на општина Ѓорче Петров, рече градоначалникот Александар Стојкоски.
„Побарав помош од градоначалникот на Општина Велес, Марко Колев, кој испрати соодветни возила за собирање на комунален смет. Вечерва екипите на Комунален пункт на Општина Ѓорче Петров заедно со механизација од Општина Велес ќе бидат на терен! Благодарност до Велес и до градоначалникот Марко Колев“ – рече тој.
Градоначалникот објави видео од чистењето: