-Ја разбираме специфичната состојба во која се наоѓа Данела Арсовска, иако не ја оправдуваме истата. Веројатно ѓубрето е помалиот дел од проблемот, туку личноста со слицни карактеристики на него, која го води градот. Оттука изразуваме сериозен сомнеж за деловната способност на Арсовска да го води градот. Нема претпријатие кое не го упропасти, а последниот случај покажа дека ЈП Комунална хигиена може да работи само во тесна соработка со полицијата на Спасовски. Данела Арсовска потребно е да си даде оставка и да престане да го измачува Скопје, реагираат од партијата ВМРО-ДПМНЕ.

Да се преиспита деловната способност на Арсовска, нека не го измачува Скопје и нека си даде оставка.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ