Основната причина која што ја истакнаа вработените од „Комунална хигиена“ – Скопје е неусогласувањето на нивните плати со растот на минималната плата што е законска обврска од месец март согласно член 4 од Законот за усогласување на останатите плати со минималната плата. Имено, во „Комунална хигиена“ платите се покачија само за 864 денари наместо за 2.175 денари“, истакна претседател на СУТКОЗ, Стојанче Кашиковски во емисијата „Аргумент плус“ на Телевизија 24.
Кашиковски додаде дека тоа е првото барање и првото незадоволство кај вработените од „Комунална хигиена“.
Второто незадоволство кај вработените кое што се појави е и неисплатата на К-15. Таму има и одредена спогодна за к-15 склучена со еден од поранешните директори која што за жал не е испочитувана. И третото барање е нерегулираниот бенефициран стаж кај работниците во „Комунална хигиена“. А, со оглед на фактот дека вработените во „Комунална хигиена“ пред се луѓето кои што работат на подигнување на сметот работат во тешки услови, а за тоа немаат бенефициран стаж кој по Закон им следува, рече тој.
Посочи дека тоа се основните три барања кои што вработените од „Комунална хигиена“ ги бараат од директорката да ги испочитува и исполни.
Директорката во последната изјава кажа дека се работи за околу 27 вработени коишто се ангажирани преку Агенција за привремени вработувања. Инаку 100-тина луѓе не им беа продолжени договорите преку Агенција за привремени вработувања пред мислам околу 6 месеци. А, сега се работи за бројка од 27 луѓе, според кажувањето на директорката, а ние како Синдикат не добивме список за кои луѓе и за која бројка станува збор, нагласи Кашиковски.
Тој нагласи дека како Синдикат немаат добиено список од директорката на „Комунална хигиена“ за колкава бројка станува збор на вработени и ангажирани преку Агенција за привремени вработувања.