Дели Дардишта, поранешен синдикален лидер во Комунална хигиена кој неодамна беше избркан од работа, ги потврдува тврдењата на градоначалничката Данела Арсовска дека дел од неговата фамилија е вработена во претпријатието. Но, како што вели тој за Макфакс, се е законски.

-Ние вистина е дека сме големо семејство, но секој своја куќа има, секој со своите деца си живее. Ние сме со генерации тука, не е дека некој вчера ги вработил луѓето. Имаме луѓе со по 40 години стаж, овде што работат. Се е легално, согласно закон. Секој има право да се вработи. Камо да имавме среќа на друго место да се вработиме, а не во ѓубре. Татковците наши, сите во пензија отидоа од таму. Јас имам 33 години, а има по 40 години што работат тука. Што е спорно? – прашува Дардишта.

Во однос на обвинувањата дека мафијашки структури го контролираат претпријатието, тој вели: „Има право да нѐ обвинат за се кога, 365 дена работат луѓето, а ни денови за одмор не добиваме. Нека им служи на чест“.

Претходно, Арсовска посочи дека од фамилијата Дардишта има над 40 вработувања.