Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (13.07.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 130 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 14 санкции, девет санкции за возење без возачка дозвола, 17 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

Изречени се четири мерки за користење мобилен телефон при возење, две санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, четири санкции за некористење сигурносен појас…

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информира МВР.