Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека на ден 15.07.2023 година ( Сабота ) поради дефект на шибер од ф – 200 мм на ул. Христо Татарчев бб – спроти општина Кисела Вода, во периодот од 08.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улиците Иван Козаров, Петар Дељан, Киро Крстевски, Боте Ботевски, Марко Цепенков, Доситеј Обрадовиќ и Мишко Михајловски, како и дел од корисниците од улиците Вера Јоциќ, Христо Татарчев, Пушкинова, Ѓорѓи Димитров и Божидар Аџија. ( општина Кисела Вода )