Тоа е ефектот – Лео Меси во САД, односно во Мајами на Флорида. Имено за првиот меч на Лео Меси кој се игра во петок, во дресот на Интер Мајами, дел од влезниците се продаваат и за 100.000 долари. Нешто неверојатно.
Тие со пониските цени веќе пламнаа.
Секако дека доаѓањето на Лео Меси во МЛС ќе значи многу за фудбалот во САД, посебно на Флорида каде што живеат голем број фудбалски фанатици од Средна Америка и од Аргентина.