Фудбалерот на Интер Мајами, Лионел Меси призна дека не размислува за освојување на Златната топка.

-Никогаш не и придавав важност на Златната топка. По освојувањето на Светското првенство, многу помалку размислувам за оваа награда. Најважно за мене е колективното достигнување. Имав среќа да освојам се во кариерата, изјави Меси за „VarskySports“.

Триесет и шестгодишниот Аргентинец ја освои Златната топка седум пати во кариерата: во 2009, 2010, 2011, 2012, 2015, 2019 и 2021 година.