Грција со денови се бори со шумските пожари, а во тек се и операции за гаснење на пожарите во Агиос, Крф, Каристос и Родос. Грчката противпожарна служба соопшти дека само во неделата избувнале 64 нови шумски пожари, а припадниците на противпожарните единици гаснат вкупно 82 пожари.

Рано утрово во Асклепион на Родос настанал голем пожар, а пламените јазици се доближил и до куќите.

Пожарникарите се борат со пожарите меѓу Аполо и Платанија, додека има расфрлани избувнувања на исток кон Малон и Масари. Во гаснењето се вклучени 266 пожарникари, 55 возила и 16 групи пешадиски единици, а вода од воздух испуштаат три хеликоптери и четири авиони.

Во текот на ноќта беше испратена порака за евакуација на областите Санта, Мегула, Порта, Палаја Перитија, Синија, Виглатури, Нисаки, Ру, Катаболо, Кентома, Трици, Кококилас, Саракинијатика, Плагија, Калами, Влахатика и Кабалерина.

Во Платанисто Каристос, на Евија, според информациите од Противпожарната служба, се уште има расфрлани жаришта, додека досега се евакуирани населбите Платис Гиалос, Ливади, Кастри, Потами, Пернараки и Платанистос по пораки испратени до жителите и туристите на областа.

Во пожарот на Крф, гори во североисточниот дел на островот и јужно од Перитија, но според Противпожарната служба тој се уште не стигнал до ниту една населба.

Во гаснењето на пожарот учествуваат 62 пожарникари со 21 возило и три групи пешадиски единици, додека од воздух има два хеликоптери и два авиони.

Грчкото Министерство за климатски промени и цивилна заштита ја објави „најголемата досега евакуација поради шумски пожари во Грција“, а Констансија Димоглиду, портпаролка на грчката полиција, потврди дека досега се евакуирани повеќе од 30.000 луѓе низ целата земја.