Бугарскиот премиер Николај Денков денеска ќе биде во еднодневна посета на Атина, каде ќе има средба со својот грчки колега Киријакос Мицотакис.

Премиерите на Бугарија и Грција ќе разменат мислења за начините за надминување на негативните последици од војната во Украина за економијата, енергетиката и безбедноста, а ќе ги разгледаат и изгледите за продлабочување на билатералната соработка меѓу двете земји.

Во бугарската делегација се и министерот за финансии Асен Василев, министерот за животна средина и вода Јулијан Попов, министерот за транспорт и врски Георги Гвоздејков и министерот за енергетика Румен Радев.