Во текот на денот на подрачјето на Кавадарци, во рамки на полициските активности на Единицата за недозволена трговија со дрога, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при Одделот за криминалистичка полиција и Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес со цел откривање на дилери на дрога, околу 16.00 часот во близина на паркот во Кавадарци лишен е од слобода П.Ќ.(27) од Кавадарци.
Кај него полициските службеници пронашле поголемо пакување амфетамин, а подоцна во неговиот дом предал уште пет пакувања амфетамин, подготвени за улична продажба и поголемо пакување на синтетичка дрога кристал – мет.