Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (29.07.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 171 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 89 санкции, 11 мерки за возење под дејство на алкохол, седум санкции за возење без возачка дозвола.
Изречени се три мерки за користење мобилен телефон при возење, седум санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), три мерки за некористење сигурносен појас.
-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.