По преземени мерки од страна на Одделението за криминалистички работи Кисела Вода ќе биде поднесена кривична пријава против Ф.М.(32) од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека на 26.07 и 27.07.2023 извршил две кривични дела тешка кражба и кражба на велосипеди на подрачјето Кисела Вода и Аеродром.

Со него бил извршен службен разговор во кој во целост ги признал начинот на извршувањето на кривичните дела, а одземените предмети биле вратени на сопствениците.

При извршување на службен разговор Ф.М. со штрафцигер се заканувал дека ќе се самоповреди, но бил спречен од полициски службеници, а притоа Ф.М. нападнал полициски службеник.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.