И, така додека Фанција веќе подолго е на првото место со коефициент 4 а многу „тесно“ ја следи Малта, Васил Гарванлиев е со коефициент 500, или 1% шанси за победа…
Гарванлиев на своите профили на социјалните мрежи објави фотографии со коментари во кои не го крие воодушевувањето од својата прва проба на сцената на Ахој арената, но очигледно е дека кладилниците не го делат неговиот ентузијазам.
Инаку, двете полуфинални вечери на Евросонг ќе се одржат на 18. и 20. мај, додека финалето ќе биде на 22. мај.