На социјалните мрежи се појави видео од физичка пресметка меѓу вработени во ЈП „Паркови и зеленило“, при која беа употребени гранки и дрвја, објави СкопјеИнфо.

Тепачката се случила пред Зоолошката градина, а на видеото може да се забележи дека неколку лица се инволвирани во пресметката.

Засега не е позната причината за инцидентот меѓу вработените во претпријатието.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Skopjeinfo.mk (@skopjeinfo.mk)