ЕВН известува дека, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска, од 08:00 до 16:00 часот, без струја ќе останат корисниците од дел од улицата „Ѓорче Петров“, поточно објектите во околината на поранешната зграда на Општина Ѓорче Петров.

ЕВН за утре најавува дека без струја ќе бидат дел до општините Кисела Вода и Центар.

Од 08:30 до 11:00 часот, утре без електрична енергија ќе бидат корисниците од улиците: „Партениј Зографски“, „Рилски конгрес“, „Востаничка“ и „Славејко Арсов“, во општина Кисела Вода.

Од 09:00 до 11:00 часот, утре без струја ќе бидат корисниците од дел од ул. „Костурски Херои“ (од бр. 49 до бр. 57) во општина Центар.