Социјалистичката партија на Македонија ја повторува поддршката на барањата и протестите на пензионерите за итни решенија за зголемување на пензиите.

Власта на однародените СДС и ДУИ барањата не сака ниту сериозно да ги разгледа и нема намера да ги прифати, а надлежната министерка и интригант, со надменост на обичен трудов инспектор безобзирно ги одбива.

За несреќа таа како ресорен министер е должна и обврзана да наоѓа решенија. Но, доколку во нејзините празни ламентации зголемувањето на пензиите е неуставно, а исплатата незаконска тоа не значи дека нејзиното работење е успешно. Ако не е во состојба да ја извршува должноста може да си поднесе оставка како и целата влада, чин прифатен од сите граѓани.

Долгорочната криза што ја создаде СДС и ДУИ не дава можности за динамичен раст и развој, а со тоа и за подобрување на стандардот на граѓаните.

Дефокусирајќи се од егзистенцијалните проблеми на граѓаните, а особено на пензионерите, власта подметнува расправи за наводни стратешки и општи проблеми од типот на глобални состојби, уставни измени, национализми и секакви други геостратешки нешта но не расправа и за елементарните потреби на луѓето.

Всушност власта и ресорната министерка не сакаат да ги разберат очајните барања на пензионерите кои се на работ на опстанокот, безобразно лажејќи ги и убедувајќи ги дека всушност им е многу убаво, дека пензиите пораснале, а тие во суштуна реално се намалени и обезвреднети.

Социјалистичката партија на Македонија е секогаш со народот и заедно со граѓаните и пензионерите бара да се прифатат нивните барања и потоа да се оди на итни избори за да се смени оваа неспособна и ненародна власт.