Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден при контроли во областа на сообраќајот, на територија на градот изрече вкупно 276 мерки, меѓу кои 109 за возење повеќе од дозволената брзина.
Изречени се и 11 мерки за возење без возачка дозвола, седум за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, девет мерки за користење мобилен телефон при возење, четири за управување под дејство на алкохол, пет мерки за возач почетник…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најавуваат од МВР и апелираат за почитување на сообраќајните правила и прописи за побезбедни и посигурни патишта.