Македонскиот и светски признат пијанист Симон Трпчески ова лето ќе има настап во Општина Босилово со интернационалниот музички проект ,,Македонисимо“.
Проектот ќе се реализира како дел од манифестацијата ,,Босилово културно лето 2023“ а според најавите – „Македонисимо“ ќе биде изведен последните денови од месец август во населеното место Секирник – родното место на неговата мајка Нетка.
Ве поканувам на концерт во родното место на мојата мајка – Секирник (Струмичко), на 26 август 2023 година, да прославиме уште една убавина со уникатниот проект што ја прославува македонската музика – МАКЕДОНИСИМО, во подножјето на прекрасната планина Беласица!
Дојдете, сите заедно да уживаме!
26.08.2023 (сабота), 20:00 часот
Секирник, Општина Босилово, Струмица, Македонија“, стои во поканата на Трпчески.