Проектот „Македонисимо“ на Симон Трпчески и пријателите утре премиерно ќе се изведе во оркестарска верзија во салата Музикферајн во Виена.

Во аранжман на композиторот Панде Шахов, квинтетот во чиј состав се и Александар Краповски, Александар Сомов, Хидан Мамудов и Влатко Нушев ќе ги изведе бисерите на македонската традиционална музика заедно со австрискиот Тонкунстлер оркестар, под диригентство на Јутака Садо од Јапонија.

Официјалната македонска премиера на „Македонисимо“ се случи лани во Скопје, пет години по светската во Германија. Проектот се изведе во десетина земји пред да дојде дома.