Воздухот во Тетово во раните утрински часови беше екстремно загаден и отровен. Целиот регион беше покриен со чад поради пожар на депонијата во општина Брвеница. Општината ги повика граѓаните да избегнуваат излегување надвор. „Поради загадувањето, избегнувајте излегување на јавни места и останете во затворени простории. Ја повикуваме јавноста да биде одговорна и претпазлива. Да не се фрла ѓубре на несоодветни места и да не се пали“, информираа од општината.
Извор: Alsat.mk.