Обвинителството за организиран криминал е во истражна фаза за тендерот за изградба на модуларните болници. Ова го изјави министерот за правда на новинарско прашање што разговарал со главниот обвинител, Јовески и обвинителот за организиран криминал, Ислам Абази, пренесува Denesen.mk.

„Сите го видовме прилогот. Од прва рака бев информиран и од јавниот обвинител и од обвинителот за организиран криминал. За првиот случај имаме пресуда од основниот суд Тетово, додека за вториот случај е покренат предмет за начинот на тендерирање и што е направено за овој процес. Во Скопје е отворен предмет за организиран криминал и таму случајот е во предистражна фаза и во наредните недели ќе имаме епилог за тоа прашање.“, изјави Лога.

Но, дали ќе се истражи причината за тоа како изгоре болницата и кои се виновниците? За ова Лога вели дека ќе се вклучи во случајот кој се истражува.

„Разговаравме и за овој процес. Во случајот што се работи во обвинителството за организиран криминал и корупција во Скопје, предвидено е овој дел од материјалите да ги имаат и ќе ги имаат од сите институции. “, вели Лога.