Сопственикот на депонијата за собирање отпад во општина Берверница денеска им се заканувал и ги навредувал медиумските екипи не дозволувајќи им да снимаат видео од пожарот на оваа депонија, пишува ТВ21.

На ова место ѓубре гори речиси 2 дена, а граѓаните се жалат на смрдеа.

Според информациите, пожарникарите се на терен и работат на гаснење на пожарот.