Авион во кој се наоѓал Евгениј Пригожин се урна пред два дена недалеку од Москва. Вчера, во телевизиска изјава, Путин му „изрази сочувство“ на семејството на Пригожин.
„Го познавам Пригожин многу долго, од почетокот на 90-тите. Тој беше човек со тешка судбина, кој направи сериозни грешки во животот, но ги постигна потребните резултати“, рече Путин.
Тој исто така рече дека руските власти ќе го земат предвид она што истражителите го откриваат за авионската несреќа, но веднаш додаде дека „истрагата за инцидентот ќе потрае некое време“. Тој, исто така, тврди дека Пригожин „имал тежок животен пат.
Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, сојузник на рускиот претседател Владимир Путин чии сили често се бореле заедно со единиците на Вагнер во Украина, го пофали наследството на Евгениј Пригожин.
„Ние сме пријатели долго време“, рече Кадиров во подолга објава на Телеграм. „Често моравме да ги решаваме најкомплицираните прашања.
Кадиров го опиша Пригожин како личност која „се издвојува од другите со брзината на реакција, уникатните комуникациски вештини и упорноста“. Тој секогаш беше подготвен да помогне и навистина помагаше од срце, рече тој.
Иако тој не го кажа тоа, од изјавата на Кадиров се гледа дека тој верува дека Пригожин е убиен.
Додека Кадиров рече дека Пригожин е „важна фигура на националната сцена“, тој неодамна „или не ја видел или не сакал да ја види целосната слика за она што се случува во земјата“.
„Го замолив да ги остави своите лични амбиции зад себе во корист на прашања од највисоко национално значење. Сè друго можеше да се реши подоцна“, рече Кадиров.
„Но, токму таков беше Пригожин, со неговото цврсто однесување и желба да го добие она што го сака овде и сега.“
За придонесот на групата Вагнер во руската војна во Украина, Кадиров рече:
„Нема сомнеж дека тој даде голем придонес [во специјалната воена операција]. И таа заслуга не може да му се одземе. Неговата смрт е голема загуба за целата земја“.