Да се унапреди системот за стерилизација во областа на хирургијата и да се намали ризикот од постоперативни инфекции.

Ова е главната цел на концептот за јавно приватно партнерство за стерилизација на медицинска опрема, метод кој што се покажал успешен во многу земји во светот.

На тој начин, според експертите во здравствениот сектор, се реализира интегрирано менаџирање со иновативни решенија за хируршки зафати и здравствена заштита од болнички инфекции.

Многу физибилити студии покажале дека со овој модел се овозможува  долгорочно унапредување на реализацијата на хируршките интервенции и ќе придонесе за поголем развој на здравствениот систем во целина, нови вработувања и редовни обуки и доквалификации за медицинскиот кадар.

Во Македонија уште во 2019 година, Министерството за здравство распиша оглас за јавно-приватно партнерство за стерилизација на хируршките сали и заштита од болнички инфекции, а компанија има договор со македонската влада  за формирање центар за стеризилација на медицинска опрема  сместен во дел од објектот на поранешен „Мајчин дом“ во Скопје.

Мала сенка врз овој концепт на ЈПП,  фрлаат случувањата во Албанија каде уапсени се екс функционери оти спротивно за закон била дадена концесија  за стерилизација на медицинска опрема.

Во врска пак со овие случувања, албанскиот  премиер Еди Рама изјави дека стерилизацијата на медицинска опрема е една од најубавите работи што државата ги има направено, но ако одредени поедици  го прекршиле договорот или грешиле на народот или државата ќе одговараат.

Осврнувајќи се на истрагата на СПАК (Специјалното обвинителство за организиран криминал и корупција) за оваа отстапка и апсењата за злоупотреба на службената положба, фалсификување или измама, Рама изјави дека кога избираме, не ги ставаме луѓето во комората за тортура за да дознаеме што прават во иднина.

„Кога би можел да се вратам 100 пати, би ги поддржал овие ЈПП што ги направивме 100 пати. 100 пати. Затоа што делата се она што останува, додека секако проблемите со корупцијата се поврзани со оние кои имаат работи во свои раце, тие не се поврзани со оние кои немаат ништо во своите раце. Кога ја правевме реформата во правосудството и кога реков дека сакам правда која удира лево, десно и оди само право, не правев пропаганда, знаев што доаѓа.