Во познатото македонско древно светилиште, Бигорски манастир и во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар ќе биде одбележан празникот Голема Богородица.

-На денот кога го славиме сечесното Успение на Пресветата Владичица наша Богородица и Приснодева Марија, во свештената Бигорска Обител ќе се отслужи сеноќно бдение, со Света архијерејска Литургија, што ќе започне денеска, на 27 август, во 21 часот. Во текот на богослужението, пред Богородичната плаштаница во цветниот епитаф, ќе се испеат Богородичните статии, информираа од Бигорската Обител.

Додаваат дека Бдението ќе заврши со Божествена Архиерејска Литургија, со која ќе чиноначалствува игуменот на Обителта, Неговото преосвештенство епископот Антаниски г. Партениј.

Дебрани, ќе го одбележат патронот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар, која се смета за заштитничка на градот.