Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, на Твитер објави видео на кое се гледа човек како пука со калашников од балконот.
Тврди дека лицето било командир во полициска станица. На видеото се гледа дека човекот пука за време на некоја прослава.
Со дивјаштвото и односот од првите луѓе на полицијата, личиме на африканска држава. Ова е во Македонија, командир на полициска станица, со автоматско оружје предизвикува општа опасност и не одговара за ништо. Не одговара ниту тој што го поставил, напиша Ковачки.
Тој вели дека сме далеку од ЕУ. Власта и опозицијата деновиве се конфронтираат околу уставните измени. Власта тврди дека опозицијата ја блокира Македонија на патот кон ЕУ.
Со дивјаштвото и односот од првите луѓе на полицијата, личиме на африканска држава.
Ова е во МК, командир на полициска станица, со автоматско оружје предизвикува општа опасност и не одговара за ништо.
Не одговара ниту тој што го поставил.#ДалекуСмеОдЕу pic.twitter.com/MVeBlWwdMd— Драган Ковачки (@Kovacki1) August 27, 2023