Попусти се обидите на Ковачевски да ја замајува јавноста, претседателот на Франција, Макрон, јасно порача дека се потребни реформи, а не празни флоскули, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Пораките се дека треба реформи, а не уставни измени, кои и така нема да се случат, зошто ВМРО-ДПМНЕ не ги поддржува.
Оваа влада на чело со Ковачевски која тоне во криминал, дава тендери на партиски донатори, потпишува договори во 4 очи, не може да расчисти убиство во центарот на Скопје, не може да обезбедо учебници, не може да набави лекови за болните од ретки болести, влада која буквално не може да направи ништо не е влада која може да ја носи Македонија во ЕУ.
Ковачевски нема капацитет, оваа влада е криминална и корумпирана, потребни се избори.
Не може да се издвои ниту една работа во која владата на Ковачевски е успешна, само порази, омаловажувања за народот и полни џебови за луѓето блиски до врвот, се наведува во партиската реакција.